Петар Печков
Објавено: петок, 27 јануари 2012
На денешната седница на Советот на општина Велес, како вонредна точка на дневен ред се најде иницијативата за поведување постапка за престанување на работа на двете ОУ Благој Кирков и Јордан Хаџи Константинов Џинот и основање едно, ново со име Панко Брашнар. Ова беше предлог од страна на претседавачот на Советот Славчо Чадиев, кој ја вжешти атмосферата во салата.
Образложението за иницијативата беше дека во двете училишта просекот на ученици по одделение е 19 во паралелка, што е под законскиот минимум од 24. Овие две училишта работат во една зграда со тоа што во едната смена е едното а во другата второто училиште. Со надгласување на советниците, предлогот од 11:10 не мина откако Нафет Исмаили од Нова Демократија, кој досега ги подржуваше предлозите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ остана воздржан.
Tweet |